За Нас

Oскарпласт е една од водечките компании за производство на производи од армиран полиестер. Лоцирана е во индустриската зона во Струга на вкупна површина од 2500 м2 од кои на 1000 м2 се простира производната хала, администрација и магацини.
Формирана е во 1990 год и е 100 % приватна сопственост. Фирмата брои 12 вработени кои се одликуваат со квалификации за конкретната област како и со висок степен на професионализам.
Од 1990 год па се до денес, фирмата има воведено квалитетен систем на производство и монтажа на производи од армиран полиестер. Во производниот програм на Оскарпласт се вбројуваат многу производи и тоа:  изработка на базени од армиран полиестер,пречистителни станици за третман на отпадни води, маслофаќачи, сепаратори,, резервоари за вода и нафта, комплет урбана опрема-детски игралишта, чамци, глисери, јахти како и многу други производи и можност за нарачка по барање на купувачите. Нашите производи ги пласираме на пазарот на Македонија, Косово и Албанија.
Ние како фирма го водиме секој проект од идеја до реализација и тоа гледано од секој аспект на проектот кое вклучува планирање, производство, инженеринг и монтажа. Од секогаш сакаме да градиме добри односи со нашите купувачи. Нашиот начин на искажување благодарност на купувачите е континуираното обезбедување на најквалитетни производи и услуги.
Нашата компанија ги поседува Сертификатот за квалитет ISO9000:2008 и Сертификатот за животна средина ISO14001.
Ве покануваме да ја посетите нашата компанија за да имаме можност да дискутираме како можеме да ви помогнеме понатака во реализација на вашата потреба.

Posts navigation

1 2
Scroll to top