За Нас
Oскарпласт е една од водечките компании за производство на производи од армиран полиестер. Лоцирана е во индустриската зона во Струга на вкупна површина од 2500 м2 од кои на 1000 м2 се простира производната хала, администрација и магацини.
Формирана е во 1990 год и е 100 % приватна сопственост. Фирмата брои 12 вработени кои се одликуваат со квалификации за конкретната област како и со висок степен на професионализам.
Од 1990 год па се до денес, фирмата има воведено квалитетен систем на производство и монтажа на производи од армиран полиестер. Во производниот програм на Оскарпласт се вбројуваат многу производи и тоа: изработка на базени од армиран полиестер,пречистителни станици за третман на отпадни води, маслофаќачи, сепаратори,, резервоари за вода и нафта, комплет урбана опрема-детски игралишта, чамци, глисери, јахти како и многу други производи и можност за нарачка по барање на купувачите. Нашите производи ги пласираме на пазарот на Македонија, Косово и Албанија.
Ние како фирма го водиме секој проект од идеја до реализација и тоа гледано од секој аспект на проектот кое вклучува планирање, производство, инженеринг и монтажа. Од секогаш сакаме да градиме добри односи со нашите купувачи. Нашиот начин на искажување благодарност на купувачите е континуираното обезбедување на најквалитетни производи и услуги.
Нашата компанија ги поседува Сертификатот за квалитет ISO9000:2008 и Сертификатот за животна средина ISO14001.
Ве покануваме да ја посетите нашата компанија за да имаме можност да дискутираме како можеме да ви помогнеме понатака во реализација на вашата потреба.