Oскарпласт е една од водечките компании за производство на производи од армиран полиестер. Лоцирана е во индустриската зона во Струга со вкупна површина од 2500 m2,
од кои на 1000 m2 се простира производната хала, администрација и магацини.

Формирана е во 1990 год. и е 100 % приватна сопственост. Фирмата брои 12 вработени
кои се одликуваат со квалификации за конкретната област како и со висок степен на професионализам. Од 1990 год. па се до денес, фирмата има воведено квалитетен систем на производство и монтажа на производи од армиран полиестер. Во производниот програм на Оскарпласт се вбројуваат многу производи и тоа: изработка на базени од армиран полиестер, пречистителни станици за третман на отпадни води, маслофаќачи, сепаратори, резервоари за вода и нафта, комплет урбана опрема-детски игралишта, чамци, глисери, јахти како и многу други производи и можност за нарачка по барање
на купувачите. Нашите производи ги пласираме на пазарот во Македонија, Косово и Албанија.

Ние како фирма го водиме секој проект од идеја до реализација и тоа гледано од секој аспект на проектот кое вклучува планирање, производство, инженеринг и монтажа. Од секогаш сакаме да градиме добри односи со нашите клиенти. Нашиот начин на искажување благодарност на купувачите е континуираното обезбедување на најквалитетни производи и услуги. Нашата компанија ги поседува сертификатот за квалитет ISO9000:2008 и сертификатот за животна средина ISO14001.

Ве покануваме да ја посетите нашата компанија за да имаме можност да дискутираме како можеме да ви помогнеме кон понатамошната реализација на вашите барања и потреби.

Scroll to top